Снајдер ја предупредува Холандија: Пандев има фантастична лева нога, инстикт за гол и извонредна визија за игра

by
1 минути читање

Македонија ќе се
сретне со Холандија на ЕВРО 2020, „лалињата“ на хартија се фаворит но Весли
Снајдер испрати предупредување до своите сонародници и совет да не го
потценуваат противникот, особено капитенот Горан Пандев.

„Пандев има
фантастична лева нога и инстикт за гол. Се работи за прекрасен играч, и она што
го прави специјален е извонредната визија за игра и додавањата со кои лесно ги
ослободува соиграчите пред голманот. Се работи за одлична личност, го обожава
фудбалот и според мене, многу често е потценуван како фудбалер. Пандев е
напаѓач кој е безмилосен во шеснаесетникот“
– вели Снајдер.

„Македонија
неодамна ја победи Германија во квалификациите за Светско првенство, видовме
што се случи на тој натпревар, Германија го потцени противникот и загуби. Времињата
кога излегувавте на терен и лесно ги победувавте „малите“ репрезентации е
минато. Мораме да влеземе во мечот сериозно и мислам дека тоа ќе ни донесе
победа“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×