Интер изгледа посериозно под водство на Конте, но Јувентус има значителна предност во однос на нив во Серија А.
Но, трофејот кој изгледа пореално оваа сезона е тој во Купот на Италија. Во сабота Интер игра реванш од полуфиналето во купот против Наполи, првиот меч го загубија со 1-0.
Снајдер верува дека Интер може да го сврти резултатот од овој меч и да се пласира во финалето од купот.
„Се надевам дека Интер ќе помине и ќе го освои купот. Мислам дека е дојдено времето за нови трофеи“, вели Снајдер.
„Малку може да се направи во Серија А. Јувентус продолжува да е јасен фаворит за титулата. Тие го имаат најдобриот тим и го развиваат секоја сезона“.
„Кога ќе помислите дека нивната серија може да заврши, но тие ќе донесат нови играчи кои прават разлика и повторно продолжуваат да победуваат“.