СМС во 95. минута го спаси Лацио од пораз против Јуве и го завери местото во Лига Европа (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Кјелини и Дибала за последен пат играа на стадионот на Јувентус како членови на овој клуб, ова беше меч за збогум со навивачите. Двајцата со многу емоции беа испратени, добија стоечки овации од гледалиштето.

Но од резултатски аспект овој меч за Јуве немаше никакво значење, а на Лацио му требаше бод за да го завери пласманот во Лига Европа.

Јуве имаше одлично прво полувреме, Влаховиќ даде гол за 1-0 во 10. минута, а во 36. минута Мората погоди за 2-0.

Но, во вториот дел работите не беа по желба на фановите на Јуве. Во 51. минута Алекс Сандро си постигна автогол и намали на 2-1.

А кога сите очекуваа крај, Сергеј Милинковиќ-Савиќ одлично се снајде и од тешка позиција реализираше за конечни 2-2.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани