Случај Астори: Двајца лекари под истрага за убиство без умисла?

by
1 минути читање

Се уште се свежи
сеќавањата од трагедијата која ја обви Италија, а воедно и пошироката фудбалска
јавност во црно, откако Давиде Астори, капитенот на Фиорентина, беше пронајден
мртов во својата хотелска соба пред натпревар за својата екипа, тој почина од
ифаркт, а од Италија пристигнуваат шокантни информации во врска со тој случај.

Јавното
обвинителство во Фиренца покрена истрага против двајца лекари за убиство без умисла над поранешниот капитен на Фиорентина, а се вели дека кај Астори се
појавиле срцеви проблеми на одредени лекарски наоди, на кои, лекарите
потписници сега ќе треба да одговараат.

Според
информациите, двајцата доктори, иако имало одредени срцеви пореметувања кај
Астори, тие сето тоа не го земале во предвид сериозно, и дале насока да не се
реагира, од причина што, според нив, немало сериозни компликации и индикации
кои навестувале нешто полошо од тоа.

Се работи за
лекарски наоди во периодот од јули 2016 до истиот месец идната година, на истите
потпис ставиле еден лекар од Фиренца, како и еден од Каљари, со кои му
овозможиле на Астори да продолжи со своите спортски активности.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани