Словенечки судија ќе им суди на Галатасарај и Фенербахче!

by riste
1 минути читање

Големото турско дерби меѓу Галатасарај и Фенербахче кое се игра во понеделник ќе го суди словенечкиот судија Славко Винчиќ.

Турската фудбалска федерација реши да викне странски судија за жешкото дерби меѓу Галатасарај и Фенербахче.

Во Турција судиите се мета на големи критики, се верува дека го форсираат Галатасарај. Пред неколку дена фудбалерите на Адана Демирспор дури и го напуштија мечот против Галата поради скандалозна судиска одлука.

Фенербахче е единствениот конкурент на Галатасарај за титулата, Турската фудбалска федерација реши овој меч да го суди странски судија со цел да нема нови скандали.

Дербито меѓу Галатасарај и Фенербахче се игра во понеделник од 18 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани