168
Словачка тргна со победа на Европското првенство, триумфот е уште посладок затоа што е остварен против нивниот сосед Полска.
Во 18. минута Мак по една фантастична соло акција шутираше, топката удри во стативата, па во грбот на Счесни и влезе во неговиот гол за водство на Словачка од 1-0.
По неколку секунди во второто полувреме Полска го изедначи резултатот преку Линети.
Во 62. минута се случи клучниот момент, Криховјак поради втор жолт картон го напушти теренот и ја остави Полска со играч помалку.
Тоа брзо го искористи Словачка која во 69. минута погоди преку Шкрињар за победа од 2-1.