Слот очекува да му се олесни една работа со новиот договор на Салах

by bojan
2 минути читање
Салах нов договор

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот е среќен што Мо Салах стави потпис на нов договор, вели дека летоска многу полесно ќе му биде да им го „продаде“ проектот на засилувањата кои ќе сака да ги донесе.

Мохамед Салах останува на Енфилд и покрај тоа што во неколку наврати ги загрижи навивачите со своите изјави со кои сугерираше дека ова е неговата последна сезона.

По многу шпекулации и неизвесност, Египјанецот денеска стави потпис на нова двегодишна соработка“.

„Тој со години покажува колку вреди, па среќен сум што останува“ – вели тренерот Арне Слот.

„Дали ми олесна? Ова повеќе важи за навивачите. Јас подобро бев запознаен со ситуацијата, и можам да кажам дека од поодамна знаев дека работите се движат во добра насока“.

„Морам да му честитам на Ричард Хјус (спортскиот директор), бидејќи Мо Салах можеше да оди во кој клуб сака, а на крајот реши да остане во Ливерпул“.

Запрашан каква улога одиграл тој во преговорите, Арне Слот додава: „Бев дел од процесот, но мислам дека не заслужувам честитки. На прво место се Мо и неговиот агент и нивниот избор. Потоа е клубот, односно сопствениците ФСГ, директорите Ричард Хјус и Мајл Едвардс, тие вложија огромен напор“.

„А кога кажувам напор, најмногу мислам на пари! Секако, не се во прашање само парите“.

„Имаме одлична сезона, сакаме следната сезона да биде уште подобра и мислам дека Мо е убеден дека имаме добри шанси за тоа, па затоа и остана“.

„Тоа е позитивно за нас и од аспект на настапот на трансфер пазарот, кога ќе треба да убедувам некого да го одбере Ливерпул, задачата ми е полесна кога можам да кажам дека Мо Салах стави потпис на нов договор и тоа е доволен доказ какви ни се амбициите“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани