Слика од тренерот Кастори ги растажи срцата на фановите на Салернитана, тој замислен седеше сам на клупа по отказот (ФОТО)

by
1 минути читање

Кастори по повеќе од две децении на Салерно му донесе прволигачки фудбал. Тој беше човеот кој испиша историја и ја внесе Салернитана во Серија А.

Во италијанската елита резултатите на Салернитана беа лоши, една победа и едно реми од осум меча, за последно место на табелата со само четири бода.

Но, навивачите се гневни на раководството за отказот на Кастори, тие сметаат дека клубот не му дал поддршка со носење на соодветни засилувања, па за лошите резултати не е виновен тренерот, едноставно тимот не е конкурентен.

Една фотографија посебно ги скрши срцата на фановите на Салернитана. Тренерот Фабрицио Кастори сам седеше на клупа на шеталиштето во Салерно, видно разочаран и замислен по отказот кој го доби.

Навивачите имаа посебна конекција со Кастори, тој беше икона за нив, а неговата љубов кон клубот е огромна. Дури и кога се шеташе низ градот, не ја соблекуваше јакната со грбот клупскиот грб.

Кастори ја почувствува суровоста на модерниот фудбал, доби отказ иако ѝ даде многу на Салернитана.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани