Славјето во Неапол донесе и голем хаос: Речиси 100 лица биле повредени

by Стефан
1 минути читање

Наполи вчера и официјално стана шампион на Италија, освојувајќи го посакуваното Скудето, а улиците на Неапол експлодираа од радост. Илјадници навивачи славеа до раните утрински часови, но тоа беше и голем предизвик за безбедносните служби во грдот.

Славјето не помина без инциденти. Како што утрово информираше полицијата, во текот на ноќта биле регистрирани вкупно 98 повредени лица, најголемиот дел од нив поради пиротехника. Меѓу повредените е и еден белгиски турист кој бил прободен додека се возел со мотор низ градот. Според пишувањето на медиумите без посебна причина.

Покрај тоа, полицијата забележала и десет кражби, а четири лица се приведени.

Шампионската титула Наполи ја обезбеди со победа од 2-0 против Каљари. Головите ги постигнаа Скот Мектоминеј и Ромелу Лукаку, со што „небесносините“ ја задржаа бодовната предност од само еден бод пред Интер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани