Скудетото се слави и во Шкотска: Мектоминеј и Гилмор испишаа историја

by 24 фудбал
1 минути читање

Наполи ја заврши сезоната со стил, победа од 2-0 над Каљари и ново скудето во витрината. Но, покрај четвртата титула во клупската историја, фудбалска Италија деновиве зборува и за двајца Скот Мектоминеј и Били Гилмор

Двајцата Шкоти кои летово пристигнаа во Неапол, Мектоминеј од Манчестер Јунајтед, Гилмор од Брајтон испишаа историја, станувајќи први шкотски фудбалери што успеале да станат шампиони во Серија А во 127-годишното постоење на италијанскиот шампионат.

Мектоминеј беше херојот и во последното коло го „отвори“ Каљари со мајсторски погодок и го донесе Наполи на чекор до славјето. Сезоната ја заврши со 12 гола од средниот ред и апсолутно заслужено беше избран за најдобар фудбалер на Серија А оваа сезона.

Гилмор, пак, беше моторот на средината – стабилен, интелигентен и секогаш присутен кога требаше најмногу. Иако Шкотска ретко има свои претставници на Апенините, овој тандем не само што се вклопи, туку го остави својот печат и влезе во историјата. Неапол слави ново скудето, а Шкотска – нова гордост.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани