285
Интер вечерва го совлада Лацио со 2-1 и се врати на врвот на табелата, творци на победата беа Бастони и Шкрињар. Италијанецот најпрво прецизно погоди од врвот на шеснаесетникот за потоа да му асистира на колегата од одбраната за триумф.
„Сите знаеме дека Бастони има одлична лева нога, често знае убаво да нафрли па затоа втрчав во шеснаесетникот и за среќа постигнав гол“ – вели фудбалерот од Словачка.
„Дали ќе го почастам вечера? Да не претеруваме“ – додаде Шкрињар со насмевка на лицето.