Манчестер
јунајтед и Арсенал синоќа ремизираа во дербито на Олд Трафорд, играјќи 2-2, но,
четирите постигнати погодоци воопшто не ја отсликуваат реалната слика од играта
помеѓу обата тима, кои не прикажаа ништо посебно.
Пол Сколс,
легендата на Манчестер јунајтед, кој забележа повеќе од 700 настапи во дресот
на Црвените ѓаволи, воопшто не се штедеше во своите критики кои ги упати кон
Андер Ерера, кој синоќа ги одигра сите 90 минути на дербито, а забелешки имаше
до неговите перформанси на претходниот меч, во ремито кај Саутемптон од 2-2.
„Мораме да се
запрашаме за квалитетот на фудбалерот“ рече Сколс во гостувањето на БТ Спорт
каде се сумираше впечатокот од дербито со Арсенал, а особена замерка тој имаше
во еден обид да го проигра Погба, кој помина доста неуспешно.
„Рио (Фердидант),
го постави прашањето ‘Дали
Ерера е доволно квалитетен за да го проигра Погба во тој обид?’. Сега, тој е на 15-20 метри, се работи за
топка од можеби 30-тина метри, едноставно проигрување, доколку тој нема
квалитет тоа да го реализира, тој не би требало да биде во овој клуб“ додаде
Сколс.