245
Сколс смета дека Де Хеа морал подобро да реагира при третиот примен гол.
„Давид де Хеа се исплаши да не се повреди. Не можете така да се поставите на таков центаршут во шеснаесетникот“, вели Сколс.
„Како голман мора да излезете и да се раширите, да бидете колку што е можно поголем за противничкиот играч“.
„Можеби ќе ве удрат во лицето, можеби ќе се повредите, но Де Хеа го сврте грбот. Тој наместо поголем, стана помал за противникот, што е криминално бранење од така искусен голман“.