Натпреварот имаше фантастичен почеток за Академија Пандев, со гол на Миловановиќ уште во петтата минута поведоа со 1-0.
Во 23. минута Алими го изедначи резултатот на 1-1, а по десет минути игра во второто полувреме Агим Ибраими од пенал реализираше за комплетен пресврт и победа на Шкендија од 2-1.
И Работнички имаше победнички старт на пролетниот дел од сезоната откако со 1-0 славеше на гостувањето кај Струга ТЛ. Марковиќ во првото полувреме беше стрелец на единствениот гол.
Со истиот резултат Силекс победи на гостински терен кај Ренова, голот беше дело на Мустафов.
Шкупи со 2-0 го совлада Борец. Бајрами и Исени беа стрелци на головите во финишот од мечот.
Вчера Вардар со 3-1 ја совлада Македонија Ѓорче Петров.
Табела по 19. коло:
1. Вардар 39
2. Шкендија 31
3. Силекс 30
4. Академија Пандев 27
5. Македонија ЃП 26
6. Шкупи 25
7. Струга ТЛ 24
8. Борец 20
9. Ренова 19
10. Работнички 18
Фото: ФК Шкендија