Шкендија со 1-1 пристигна во Скопје на реваншот против Работнички. И вториот меч заврши нерешено, но со по два гола во двете мрежи, а тоа значеше дека тетовскиот тим оди понатаму.
Нафиу во 38. минута донесе водство за Шкендија од 1-0, Јевтовски од пенал во 71. минута го изедначи резултатот на 1-1. Но Ибраими со прекрасен гол во 75. го врати водството на Шкендија. Работнички до крајот успеа само да изедначи на 2-2.
Бранителот на трофејот, екипата на Академија Пандев одигра 1-1 на свој терен против Шкупи, но благодарение на гостинската победа од 1-0 во првиот меч, ќе играат во полуфиналето.
Струга Трим Лум со 2-1 победи кај Ренова, првиот меч заврши без голови, па струшкиот тим ќе игра историски полуфинале.
Најубедлива беше Брегалница која со 4-1 триумфираше кај Лабуништа, првиот меч Штипјани го добија со 1-0.
Резултати:
Работнички – Шкендија 2:2
Академија Пандев – Шкупи 1:1
Ренова – Струга Трим Лум 1:2
Лабуништа – Брегалница 1:4
Фото: ФК Шкендија