108
Вардар доживеа дебакл на свој терен од Шкендија и покрај тоа што прв даде гол на натпреварот.
Домаќинот дојде во водство уште во 12. минута со гол на Јован Попзлатанов, но на одморот се замина со предност на Шкендија, откако Рамадани три минути подоцна изедначи на 1-1, а на пет минути до крајот на првиот дел Ахмеди погоди за пресврт.
По 15 минути игра во вториот дел Ибраими погоди за 3-1, веќе беше јасно кој ќе биде победникот. До крајот на мечот Тотре зголеми на 4-1, а Ахмеди од пенал ги постави конечните 5-1.
Фото: ФК Шкендија