138
Шкендија
триумфираше во големото дерби против Вардар на домашен терен уште на стартот од
новата сезона од прволигашкиот шампионат на Македонија.
Домаќините
постојано се обидуваа да го пронајдат патот до мрежата од голот на гостите, па
поведоа во 61. минута со мајсторијата која ја приреди Алими.
Само пет минути
подоцна Шкендија дојде до водство и од 2-0 со погодокот на Жуниор, а со тоа
беше поставен и конечниот исход на дербито во Тетово.
На вториот меч
кој беше на програмата денеска, Работнички и Ренова одиграа без голови во Ѓорче
Петров.
За утре во
терминот од 17 часот играат: Победа – Пелистер, Шкупи – Академија Пандев и
Силекс – Скопје.