Скандал во најава: Австрија и Алжир ќе играат за пораз, еве зошто е тоа така!

by 24 фудбал
1 минути читање

Новиот формат на Светското првенство веќе предизвикува бројни критики, а главна причина е одлуката на ФИФА меѓусебниот дуел да има предност пред гол-разликата при одредувањето на пласманот во групите.

Поради ова правило, уште пред последното коло дури девет селекции останаа без резултатски мотив, а најконтроверзната ситуација се создаде во групата Ј. Австрија и Алжир ќе играат за второто место, но поради однапред утврдениот костур во нокаут-фазата, второпласираниот тим ќе се соочи со Шпанија, додека третопласираниот ќе добие далеку поповолен ривал и потенцијално полесен пат кон четвртфиналето.

Токму затоа се појавија стравувања дека двете селекции би можеле да калкулираат со резултатот, наместо да играат на победа, а дел од јавноста веќе предупредува на сценарио слично на „Срамот во Хихон“ од 1982 година кога Австрија и Германија одиграа срамен натпревар.

Многу навивачи и аналитичари сметаат дека со новите правила ФИФА ја намали неизвесноста во групната фаза и создаде простор за несакани контроверзии.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×