Скандал: Дембеле навредува Азијци, Гризман се смее (ВИДЕО)

by
2 минути читање

На социјалните
мрежи се појави видео на кое ѕвездата на Барселона и француски репрезентативец,
Осман Дембеле навредува Азијци кои во тие моменти додека тој снима јасно се
гледа дека се техничка поддршка во хотелот каде е сместен фудбалерот.

Се верува дека
техничарите се обидувале во тие моменти да решат проблем во хотелската соба на
Дембеле, а на видеото се забележува и неговиот сонародник и соиграч од
Барселона, Антоан Гризман како се смее на навредливите зборови на Дембеле.

Сиве овие грди
лица, за ти само да играш ПЕС (Pro Evolution Soccer), не ли ти е срам?
“ го
праша Дембеле својот сонародник и соиграч Гризман.

Каков вид на
заостанат јазик е тоа? Дали вие сте напредни во поглед на технологијата во
вашата земја, или не сте?
“ беше коментарот во продолжение на Дембеле,
алудирајќи на техничкиот персонал кои всушност беа Азијци, а засега не е познато од кога датира оваа снимка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани