Скај ја откри последната понуда на Милан за Донарума

by
1 минути читање

„Росонерите“ во скоро време треба да го потврдат трансферот на Мајк Мењан и тоа ќе значи крај на авантурата на Џиџо Донарума на Сан Сиро.

Според пишувањата на Скај, Паоло Малдини направил еден последен напор да го задржи голманот. На маса ставил двегодишна соработката со плата од 7 милиони евра по сезона, плус бонус од 1 милион евра.

Имало и откупна клаузула од 20 милиони евра во случај Милан да не обезбедел настап во Лигата на шампиони.

Двете страни не стигнале да разговараат за комисијата на Мино Рајола откако агентот побарал плата од 12 милиони евра по сезона.

Па на Паоло Малдини и директорите на Милан им станало јасно дека Џиџо Донарума нема намера да го продолжи договорот и се насочиле кон Мајк Мењан.

Иако Џиџо Донарума ќе замине за беспари, а за Мајк Мењан ќе бидат платени околу 15 милиони евра, од зделката на долг рок ќе бидат заштетени неколку десетици милиони евра поради разликата во плати.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×