Контроверзите започнаа уште на почетокот кога во 12. минута не беше досуден пенал за Арсенал по старт на голманот Едерсон врз Одегард.
Арсенал беше подобар тим во првиот дел а тоа го крунисаа со гол на Сака во 31. минута од натпреварот.
До крајот на првиот дел Мартинели имаше две шанси да донесе поголемо водство за Арсенал, не не реализираше.
По неполни десет минути игра во вториот дел, Манчестер Сити доби пенал. Стјуарт Атвел покажа на белата точка по старт од Гранит Џака. Ријад Марез погоди за израмнување на 1-1.
Во 58. минута Аке спаси од гол линијата, а Мартинели не успеа да реализира од идеална позиција.
Веднаш потоа следуваше црвен картон за Габриел, Арсенал остана со фудбалер помалку.
Предноста од играч повеќе Манчестер Сити ја искористи во судиското продолжение кога Родри постигна гол за победа од 2-1.