Сити убедливо го победи Кристал Палас, а Халанд не ни влезе во игра! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Манчестер Сити со 3-0 го победи Кристал Палас во меч во кој Пеп Гвардиола направи неколку измени во составот, Ерлинг Халанд беше на клупата.

Резултатот го отвори Семењо во 32. минута кој погоди по асистенција од Фоден за водство на Сити од 1-0.

Осум минути подоцна Фоден повторно ја имаше улогата на асистент, овојпат до Мармуш кој зголеми на 2-0.

Пеп виде дека неговиот тим води и дава голови, па немаше потреба да го внесува Халанд.

Во 84. минута Савињо ги постави конечните 3-0.

Со оваа победа Сити ја подобри гол разликата и сега има за еден погодок подобар скор од Арсенал, но има два бода помалку. До крајот остануваат уште две кола.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×