71
На три натпервари до крајот, Манчестер Сити е во пол позиција за титулата во Премиерлигата. „Граѓаните“ го искористија киксот на Ливерпул и креираа +3 на врвот на табелата со убедлива победа од 5-0 над Њукасл.
Стерлинг го отвори резултатот во 19. минута за до крајот на првиот дел Лапорт да зголеми на 2-0.
Родри во 61. минута со глава погоди за 3-0 а во финишот од мечот мрежата на Њукасл се тресеше уште два пати.
Најпрво Фоден во 90. минута реализираше за 4-0, за во 93. минута Стерлинг да ги постави конечните 5-0.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.