Сити и Гвардиола се откажуваат од Кејн, понудиле 80 милиони евра за услугите на Влаховиќ

by
1 минути читање

Се верува дека
Хари Кејн е прва трансфер желба на Манчестер Сити и Пеп Гвардиола, но Тотнем не
се откажува лесно од услугите на напаѓачот. Денеска медиумите од Англија
објавија дека „граѓаните“ се подготвени да платат рекордни 125 милиони фунти,
но Даниел Леви не крева слушалка.

До крајот на
продниот рок има уште две недели, па шампионот на Англија разгледува и други
опции.

Според
новинарката Сара Меини, која е блиска до случувањата во Фиорентина, Манчестер Сити се приклучил во трката за услугите на Душан Влаховиќ.

Србинот често се
поврзуваше со Атлетико Мадрид и Тотнем, дури и се говори дека „колчонероси“ договориле
трансфер вреден 70 милиони евра, но нема амин од сопственикот на „виолетовите“,
Роко Комисо.

Манчестер Сити
има поголема финансиска моќ од другите, и се шпекулира дека „граѓаните“ се
подготвени на маса да стават 80 милиони евра (фиксна сума, плус лесно
остварливи бонуси).

Останува да се
види каков ќе биде расплетот во следните денови, дали намерите на Сити со Душан Влаховиќ се вистински или само тактика да го принудат Тотнем да прифати продажба на Хари Кејн.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×