165
Манчестер Сити
оваа сезона ја освои титулата во Премиерлигата и ќе игра финале во Лигата на
шампиони. Пеп Гвардиола на располагање има моќен тим, но стратегот нема да седи
мирен и сака да донесе две големи засилувања со кои „граѓаните“ ќе доминираат
во Англија и Европа во следните години.
Како што пренесуваат
медиумите од „островото“, Манчестер Сити најпрво ќе го сруши трансфер рекордот со
ангажман на Џек Грилиш од Астон Вила за кого ќе бидат платени 100 милиони фунти.
Потоа границите
ќе бидат поместени по втор пат со ангажман на нов напаѓач. Ќе се избира помеѓу
Хари Кејн од Тотнем и Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд. За оваа зделка ќе
бидат одвоени 150 милиони фунти.