Сите се чудат како Дин Хендерсон не доби црвен, еве го објаснувањето на ФА (ФОТО)

by bojan
2 минути читање

Дин Хендерсон беше еден од хероите на Кристал Палас на синоќешната историска победа над Манчестер Сити, но голманот имаше среќа што предвреме не го заврши натпреварот.

Кристал Палас вчера го изненади Манчестер Сити, го совлада со 1-0 во финалето на ФА Купот и се радуваше на првиот трофеј во 119 години историја.

Еден од хероите на „орлите“ беше Дин Хендерсон, голманот му одбрани пенал на Омар Мармуш, имаше и неколку други добри интервенции.

Сепак, лесно можеше да се случи тој да биде трагичар и да го остави својот тим на цедило откако играше со рака надвор од шеснаесетникот и спречи убава прилика за Ерлинг Халанд да изедначи на 1-1.

ВАР го прегледуваше целиот инцидент но реши да не се вклучи, а сите стручни коментатори кои го работеа натпреварот се чудеа како голманот Дин Хендерсон не бил санкциониран.

Со оглед на тоа дека судиите не го приметија играњето со рака надвор од шеснаесетникот, ВАР можеше да интервенира само ако на голманот требаше да му биде покажан црвен картон.

А за да му биде покажан црвен картон, тој со својот потег требаше да спречи очигледна шанса за гол. Објаснувањето од ФА е дека правецот во кој се движел Ерлинг Халанд значело дека напаѓачот само имал шанса да постигне гол, а не и очигледна шанса. Плус, во негова близина бил и дефанзивецот Лакроа, кој исто така ќе му ја отежнал работата на голгетерот на Манчестер Сити.

„Прашајте го судијата“ – само кратко одговори Пеп Гвардиола на прашањето што мисли за инцидентот.

Играл со рака надвор од шеснаесетникот? Тогаш одлуката е навистина добра за нас!“ – прокоментира со насмевка на лицето тренерот на Кристал Палас, Оливер Гласнер.

Самиот Дин Хендерсон пак рече: „Искрено не знаев дека проверката на ВАР беше за мене. Ма кого го интересира, не е важно воопшто!“

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани