Сите лудо славеа титула, Шчесни си седеше сам и си пушеше пура! (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Голманот на Барселона, Војчех Шчесни на свој уникатен начин си ја прослави титулата во Ла Лига, додека сите лудо славеа во соблекувалната, тој сам си седеше на шкафчињата и си пушеше пура.

Војчех Шчесни реши да оди во пензија по крајот на минатата кариера, но по тешката повреда на Тер Штеген доби понуда која не можеше да ја одбие, да застане на голот на големата Барселона.

Полјакот го прифати предизвикот, за брзо време се наметна како прв избор и вчера стана шампион на Шпанија.

И додека сите лудо славеа во соблекувалната, Војчех Шчесни на свој начин уживаше во титулата, сам седеше на шкафчињата и си пушеше пура.

Во едно интервју од минатиот месец, голманот порача дека ова е порок со кој не се гордее, и ги повика младите да не го следат неговиот пример.

„Постојат делови од играта за кои верувам дека можам да бидам совршен пример за младите луѓе или моите соиграчи. Но има некои работи во мојата кариера кои подобро е да не ги следите. Секогаш се обидувам да бидам најдобрата верзија од себе и да им дадам правилен пример на моите соиграчи и на младите деца кои не гледаат. Но кога сме кај пушењето, ве молам да не ме следете и да не го правите тоа. Јас ја изгубив оваа битка. Кога бев млад создадов лоша навика која е многу негативна за мене и знам дека е така. Едноставно јас ја изгубив таа борб. Па за сите што гледаат – Не правете го тоа што направив јас“ – рече Полјакот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани