Сите голови од 29. коло на ПМФЛ: Најефикасно беше во Тетово (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Во рамките на 29. коло во Првата македонска фудбалска лига се одиграа пет натпревари, а најмногу внимание привлече напуштањето на мечот Гостивар – Работнички од страна на домашните при гостинска предност од 1-2.

Што се однесува до головите, најефикасно оваа рунда беше во Тетово каде што Шкендија се судри со Шкупи (3-3). Четири гола паднаа на саботниот дуел меѓу Вардар и Беса (3-1), додека три имаше во Маџари пред Гостивар да го напушти мечот. За понеделник беше закажан дуелот на Брера и Воска, ама струмичани ќе го добијат службено откако ривалот најави повлекување од лигата.

  • Резултати од натпреварите во 29. коло на ПМФЛ:

Вардар – Беса 3-1
Шкендија – Шкупи 3-3
Гостивар – Работнички 1-2 (напуштено)
Пелистер – Тиквеш 1-0
Силекс – Струга 0-0
Брера – Воска (понеделник, 3-0 службена)

  • Сите голови од натпреварите во оваа рунда:

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани