Рекордниот стрелец во Премиерлигата, Алан Ширер и легендата на Арсенал, Тјери Анри се првите двајца фудбалери кои влегоа во „Куќата на славните“ во Премиерлигата.
„Куќата на славните“ во Премиерлигата ќе ги прима фудбалерите кои покажале исклучителни перформанси и оставиле голем траг во натпреварувањето од 1992 година па наваму.
Ширер за 14 сезони во Премиерлигата постигна 260 голови, со што е најдобар во историјата на лигата.
„Кога ќе видите какви играчи имало во Премиерлигата, голема чест ми е што влегов во Куќата на славните. Сакам да им се заблагодарам на сите мои соиграчи и тренери со кои сум работел“, вели Ширер.
„Се што сакав беше да бидам професионален фудбалер. Мој сон беше тоа, мој сон беше да освојувам трофеи и мој сон беше да постигнам гол на Сент Џејмс Пар, да го носам бројот девет во црно-белиот дрес, беше фантастично, уживав во секоја минута“.
Анри четири пати ја освојуваше златната кокпачка во Премиерлигата и е најдобар стрелец во историјата на Арсенал со 175 голови на 258 натпревари.
Тој во пет сезони по ред постигнуваше повеќе од 20 голови во Премиерлигата.
„Тоа што со Алан Ширер сме првите двајца фудбалери кои влегуваат во Куќата на славните во Премиерлигата е повеќе од посебно“, вели Анри.
„Кога бев млад, се обидував само да можам да имам еден пар копачки, а сега зборуваме за Куќата на славните. Ако на стартот на кариерата ми кажавте дека ќе бидам во Куќата на славните, немашае да ви верувам. Ова е неверојатна чест“.