Синот на легендарниот Кристијано Роналдо, 14-годишниот Кристијано Роналдо Јуниор, е повикан во У15 репрезентацијата на Португалија и ќе го запише својот прв настап во националниот дрес на турнир во Хрватска.
Португалија ќе учествува на меморијалниот турнир „Влатко Марковиќ“ кој се одржува од 13 до 18 мај во градовите Лудбрег, Чаковец, Коториба и Свети Мартин на Мури. Младиот Роналдо ќе настапи во групата Б, каде Португал е заедно со Англија, Јапонија и Грција. Во групата А се Хрватска, Франција, Швајцарија и Романија.
Роналдо Јуниор моментално игра во академијата на Ал Наср, клубот за кој настапува и неговиот татко. Претходно мина низ младинските школи на сите поранешни клубови на Роналдо – Реал Мадрид, Јувентус и Манчестер Јунајтед.