199
Оле Гунар Солшер по мечот со Тотнем изјави дека не би му дал храна на својот син доколку тој се однесува како Сон.
Мурињо му возврати велејќи дека Сон е многу среќен што неговиот татко е многу подобра личност од Оле Гунар Солшер.
Темата ја продолжи синот на Оле, Ноа Солшер кој минатата година ја почна својата професионална фудбалска кариеира во Норвешка, во тимот на Кристиансунд.
„Да, и јас се смеев многу во неделата. Секогаш сум добивал храна, ве уверувам во тоа“, изјави 20-годишниот син на Оле.
„Никогаш не би лежел на теренот како Сон што го направи тоа. Мурињо веројатно само сакаше да го тргне фокусот од фактот што тие загубија“.