Синот на Чоло двоен стрелец, Атлетико со „петарда“ во Купот го опомена Реал (ВИДЕО)

by 24 фудбал
2 минути читање

Екипата на Атлетико Мадрид убедливо си ја исполни мисијата и со триумф од 4-0 над Хетафе се пласира во полуфиналето на Купот на кралот. Натпреварот на „Ванда Метрополитано“ во целост му припадна на домаќинот кој стигна до голема победа.

На стартот од мечот свое шоу имаше синот на Чоло Симеоне, младиот Џулиано кој постигна два гола во осмата и 17 минута. До полувремеот стрелец за Атлетико беше и Самуел Лино за високи 3-0.

Во продолжението имаше доста измени на двете страни, а потоа пред крајот резервистите на Симеоне се истакнаа. Прво Анхел Кореа зголеми на 4-0, додека конечниот резултат го постави Александер Сорлот во 86 минута.

Атлетико со оваа „петарда“ го опомена градскиот ривал Реал Мадрид пред дербито „Ел Мадриљењо“ викендов.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани