Симоне по успехот на Пипо со Пиза: Би сакал вечерва да ја дуплирам радоста на нашиот татко!

by riste
0 минути читање

Пипо Инзаги ја внесе Пиза во Серија А и направи голем успех, сега на ред е неговиот помлад брат, Симоне Инзаги кој со Интер игра полуфинален меч против Барселона во Лигата на шампионите.

На прес-конференцијата по повод мечот со Барселона, Симоне беше прашан и за успехот кој го направи неговиот брат, Пипо.

„Би сакал да ја дуплирам радоста на нашиот татко. Зборував со Пипо пет минути по неговиот успех и го пофалив, тој направи нешто исклучително. Ја внесоа Пиза во Серија А по 34 години“, вели Симоне.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани