Ако победеше Лацио, Беневенто во последното коло ќе имаше директен дуел за опстанок против Тороино и сами ќе си ја решаваа судбината, но тоа не се случи.
Мечот заврши 0-0, а Торино избори останок. Беневенто предводен од Пипо Инзаги се сели во Серија Б.
„Разочаран сум за брат ми, но дадовме сè од себе и мислам дека тоа беше добра импресија за италијанскиот фудбал“, вели Симоне Инзаги.
„Позитивно е дека тим кој математички се пласира во Европа, даде сè од себе против Торино. Убаво беше да се види дека двата тима се бореа до 95. минута“.
„Ова беше многу долга и многу тешка сезона, практично имавме две сезони, игравме секои три дена. Сега имаме уште еден меч и повторно ќе го дадеме максимумот“.