Симон Кјаер е вистински херој, бестрашно се бореше за животот на Ерксен (ФОТО)

by
1 минути читање

Веднаш откако Кристијан Ериксен колабираше на теренот, Симон Кјаер пријде, му го извади јазикот за да не се задуши, по што лекарите почнаа да го реанимираат.

Потоа сопругата на Ериксен, Сабрина влезе во теренот, беше пресретната од обезбедувањето, но Кјаер и Шмајхел притрчаа кон неа, капитенот на Данска ја тешеше велејќи и дека се ќе биде добро.

Додека сите присутни на стадионот се молеа за животот на Ериксен, Кјаер будно ја следеше лекарската интервенција врз својот соиграч.

На крајот оваа трауматична епизода на Европското првенство имаше среќен крај, Ериксен е жив и во стабилна состојба, а Симон Кјаер е вистински херој.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×