Ливерпул победи со 3-2 на Ванда Метрополитано, а Симеоне очиглелдно тешко се помири со поразот. По мечот тој објасни зошто не се поздравил со Клоп.
„Не се поздравувам секогаш со другиот тренер по мечот бидејќи тоа не ми се допаѓа. Не е здраво ниту за победникот, ниту за поразениот. Јас така гледам на тоа. Но сега кога ќе го видам, ќе го поздравам без проблем“, вели Симеоне.
„Што се однесува до мечот, тоа беше меч протв фантастичен тим. Тие обично постигнуваат многу голови, но овој пат имаа и среќа. Почнаа со голем интензитет и имаа среќа да постигнат два гола од првите два обиди. Не не почнавме како што сакавме, но по нивниот втор гол работите почнаа да се одвиваат добро за нас, дадовме два гола и израмнивме, имавме доволно шанси и за комплетен пресврт, но нивниот голман беше одличен. Не заслуживме да изгубиме“.