Торино приреди големо изненадување во Серија А совладувајќи го актуелниот шампион Наполи со 1-0. Тимот на Марко Барони ја забележа само втората победа во сезоната, но тоа го направи против противник кој ја брани титулата.
Херој на натпреварот беше Џовани Симеоне кој во 32. минута го постигна единствениот гол, и тоа против клубот од кој е позајмен. Напаѓачот вешто го мина Ди Лоренцо и го совлада Милинковиќ-Савиќ за водство на домашните.
Во продолжението Наполи имаше повеќе од дваесет обиди кон голот, но без вистинска завршница. Во финишот беше поништен погодок на Ноа Ланг поради минимален офсајд.
Ељиф Елмас влезе во игра во 82. минута, но не успеа да направи разлика. Торино го задржа водството и стигна до големи три бода против шампионот.