Симеоне ги насмеа новинарите: Го сменивме хотелот затоа што овој е поевтин! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Вечерва се игра реванш полуфиналниот натпревар од Лигата на шампионите, во Лондон Арсенал го пречекува Атлетико Мадрид.

Мечот во Мадрид завршни нерешено 1-1, па денешниот дуел ќе го даде првиот финалист во елитното натпреварување.

Но, овие две екипи оваа сезона играа и во лигашкиот дел. Тогаш на „Емирати“, Арсенал го прегази Атлетико со 4-0.

За разлика од тогаш, експедицијата на Атлетико Мадрид сега престојува во друг хотел.

На вчерашната прес-конференција, Симеоне беше прашан дали од суеверие го смениле хотелот. Такви беа пишувањата во шпанските медиуми.

Но, Симеоне не сакаше да го потврди тоа, рече дека го промениле хотелот затоа што е поевтин. Ги насмеа присутните, но тешко дека некој му поверува.

„Ги променивме хотелите бидејќи овој беше поевтин“, рече Симеоне.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×