Поранешниот
фудбалер на Манчестер јунајтед, но и тогашен соиграч на Оле Гунар Солшер,
Микаел Силвестре смета дека Норвежанецот ќе мора да освои трофеј сезонава, а
додаде дека тимот располага со потребниот квалитет.
„Оле Гунар Солшер
мора да освои трофеј оваа сезона“ рече Силвестре.
„За фудбалерите,
тренерот, како и клубот, сето тоа е во ДНК на Манчестер јунајтед“ додаде тој.
„Тие беа толку
близу ланската сезона со Лига Европа, а сигурен сум дека ќе ја искористат таа
дополнителна мотивација за оваа година да притиснат нешто повеќе, тимот го
поседува квалитетот за да освојува трофеи, а ќе биде успешен во иднина, доколку
имаат сезона без проблеми со повредени фудбалери, тие ќе можат да имаат успешна
сезона“ заклучи поранешниот дефанзивец.