Шкендија не ја искористи предноста на домашен терен за да дојде до трите бода против Силекс. Тетовскиот тим поведе уште во 25. минута преку Ибраими, но пред крајот на првиот дел Ѓуриќ го изедначи резултатот.
По еден час игра Кристијан Костовски заработи црвен картон, Шкендија имаше доволно време со играч повеќе да постигне втор гол, но Силекс успеа да се одбрани и да си замине со бод.
Шкупи со новиот тренер дојде до убедлив триумф над Борец, Дарбо Дембо постигна два гола, еден беше дело на Адеми.
Македонија Ѓорче Петров со голови на Емини од пенал и Абдул Калид ја совлада Струга Трим Лум со 2-0.
Беласица го освои првиот бод откако одигра 1-1 против Ренова. Малку фалеше струмичкиот тим да дојде и до трите бода, но гостите со гол на Јашароски во 94. минута дојдоа до реми. Беласица водеше од 29. минута со гол на Милушев.
Немаше голови на мечот меѓу Работнички и Академија Пандев.
Утре се игра вечното дерби меѓу ривалите Пелистер и Вардар.
Табела: Шкендија 18 бода, Шкупи 16, Македонија ЃП 16, Борец 12, Струга Трим Лум 11, Силекс 11, Работнички 11, Вардар 10 (-1), Пелистер 9 (-1), А. Пандев 7, Ренова 6, Беласица 1.
Фото: ФК Шкендија