Силекс преку Струга ТЛ до финалето од Купот на Македонија

by
0 минути читање

Силекс по четврти пат ќе игра во финалето од Купот на Македонија, првпат по 24 години ќе се бори за пехарот, овој пат против екипата на Академија Пандев.

Денешниот натпревар беше очекувано тврд, исполнет со нервозни моменти на теренот, а притисокот од историски резултат како да им пресуди на домаќините.

Мечот беше решен на десет миинути пред крајот кога по еден центаршут, Каракамишев погоди со глава за водство на Силекс кое значеше и победа.

Синоќа Академија Пандев ја победи Македонија Ѓорче Петров, па тие ќе бидат последната пречка за Силекс до трофејот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани