Силекс славеше во
бараж пресметката со Тиквеш, Кратовци беа подобри со 3-2, а на полувремето имаа
предност од 3-1 и уште во тој период од мечот кој се одигра на стадионот во Ѓорче Петров во Скопје, поставија солидна предност, која во продолжението од средбата беше недостижна
за поразениот табор.
Најпрво Георгиев
во 12. минута донесе почетно водство за Силекс, за веќе три минути подоцна
истиот фудбалер да зголеми и на 2-0, Ивановски со погодокот во 22. минута
донесе мала неизвесност и надеж за Тиквеш, но, истата кратко траеше откако
Рајковиќ зголеми на 3-1, и со тој резултат се замина на паузата.
Во второто
полувреме Ивановски со својот втор гол на мечот, овој пат во 58. минута
повторно донесе неизвесност, но, уште во тој период беше поставен и конечниот
исход на пресметката со која Силекс го сочува прволигашкиот статус, а Тиквеш ќе
мора да чека на друга шанса.
Фото-вест: РТК (prt sc)