Силекс продолжува со оформување на тимот за новата натпреварувачка сезона, а денес го официјализираше четвртото засилување – 20-годишниот дефанзивец Малик Хамзиќ.
Хамзиќ доаѓа во Кратово од редовите на Гостивар, каде минатата сезона беше дел од ротацијата и запиша 11 настапи во Првата македонска лига, како и еден меч во Купот на Македонија.
Својата кариера ја започна во академијата на Работнички, каде што ги помина сите младински категории.
Пред Хамзиќ, Силекс веќе ги претстави Мартин Мирчевски, Миљан Говедарица и Мигел Пиреш како нови имиња во тимот, а дополнително ја осигура стабилноста на ростерот со нови договори за Љупче и Ѓорѓе Џекови, како и за Милош Николиќ.
Силекс најавува амбициозен пристап и сериозна подготовка за предизвиците што следат.