Ноќеска се одиграа два натпревари од Светското фудбалско првенство, едниот беше суперефикасен, Шведска со 5-1 го победи Тунис, а на вториот падна само еден гол, Брегот на Слоновата Коска со 1-0 беше подобар од Еквадор.
Шведска има фантастичен старт на Мундијалот, никој не очекуваше дека може да слават толку убедливо над селекцијата на Тунис која секогаш била конкурентна.
Високата победа ја најави Ајари уште во седмата минута, а Исак во 30. минута зголеми на 2-0. Пред крајот на првото полувреме Рекик реализираше за Тунис и го врати во живот. Со 2-1 заврши првиот дел.
По 15 минути игра во вториот дел Ѓокереш ја врати предноста од два гола разлика, погоди за 3-1.
Во 84. минута Сванберг даде гол за 4-1, а серијата погодоци ја затвори оној кој ја отвори, Ајари погоди во 96. минута за конечни 5-1.
За разлика од овој меч, на дуелот меѓу Брегот на Слоновата Коска и Еквадор имаше само еден гол и тоа во 90. минута.
Дијало беше херојот на африканскиот клуб, погоди за триумф и старт со три бода.