Шпанците добиваат „богатство“ од телевизиски права, еве како ги делат

by 24 фудбал
1 минути читање

Шпанските клубови и оваа сезона ќе заработат солидна сума од ТВ правата што ги распределува Ла Лига – вкупно 340 милиони евра се делат според спортските заслуги.

Најголемиот дел, очекувано, оди кај шампионот Барселона, која ќе инкасира 57,84 милиони евра или 17% од вкупната сума. Зад неа се Реал Мадрид со 51,03 милиони, Атлетико со 44,23, Атлетик Билбао со 37,42, и Вилјареал со 30,62 милиони евра.

Овие 340 милиони евра претставуваат 25% од вкупните 1,3 милијарди евра колку што Ла Лига заработи од ТВ права за сезоната 2023/2024. Сумата се дели според резултати, а вредноста по клуб се пресметува врз основа на последните пет сезони: 35% за тековната, потоа 20%, 15%, 15% и 15% за претходните четири.

Пример: Барса оваа сезона добива 35% од речиси 58 милиони за освоеното прво место, плус делови за минатите сезони – второто место лани, првото во 22/23, второто во 21/22 и третото во 20/21.

Законот налага дека 50% од ТВ приходите се делат рамномерно. Останатите 50% се делат на два дела: едниот се базира на популарноста и комерцијалниот ефект на клубот, додека другиот – односно 25% од вкупниот износ – оди според пласманот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани