Шоу на Халанд, Норвешка сензационално го елиминираше Бразил! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Со два гола на Ерлинг Халанд, Норвешка со 2-1 го победи Бразил и се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство.

Сензација на Мундијалот, Норвешка го исфрли големиот Бразил, а херој беше Ерлинд Халанд.

Бразилците важеа за фаворит, сакаа под водство на Карло Анчелоти да направат исчекор и повторно да се вмешаат во трката за трофејот, но не успеаа.

Норвешка направи историски подвиг, прват ќе игра четвртфинале на Светското првенство.

А можеше да биде поинаку, но во 14. минута Бруно Гимараеш лошо изведе пенал, и не му донесе водство на Бразил.

Почетниот резултат беше се до 79. минута кога по асистенција од Шјелдеруп , Халанд даде гол за водство на Норвешка од 1-0.

Оваа комбинација стапи на сцена и во 90. минута, пак асистенција на играчот на Бенфика до Халанд кој погоди за 2-0, веќе беше јасно кој е победникот.

Во десетата минута од продолжението, Нејмар даде гол од пенал за ублажување на поразот од 1-2.

Норвешка во четвртфиналето ќе игра против Англија или Мексико.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×