Шок за Интер: Инзаги ќе замине веднаш по финалето во Лигата на шампионите?!

by Стефан
1 минути читање

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, би можел да си замине од „Џузепе Меаца“ на крајот од сезоната, откако добил астрономска понуда од Саудиска Арабија. Според информациите на „Газета дело Спорт“, за неговите услуги сериозен интерес покажал Ал Хилал, клуб кој на италијанскиот стратег му нуди годишна плата од дури 20 милиони евра – значително повисока од онаа што ја заработува во моментов во Интер.

Доколку ја прифати понудата, Инзаги би се преселил во Ријад на 1 јуни, само ден по големото финале во Лигата на шампионите, каде Интер ќе се сретне со францускиот гигант ПСЖ на „Алијанц арената“. Интересно е што сценариото наликува на она од 2010 година кога Жозе Мурињо по освојувањето на европската титула со „нераѕурите“ експресно замина во Реал Мадрид.

Претседателот на Ал Хилал, Фахад бин Нафел, неодамна бил во Милано каде имал средба со претставници на Инзаги, а според италијанскиот медиум, разговорите минале во позитивен дух и веќе има одреден напредок во преговорите.

Иако сезоната на Интер е импресивна, постои ризик да остане без трофеј. Во Серија А тимот има бод помалку од лидерот Наполи пред последното коло, а во Лигата на шампионите ќе се соочи со ПСЖ, кој во последно време игра во одлична форма.

Се чини дека иднината на Инзаги зависи од последните два натпревари, а со оглед на богатата понуда од Блискиот Исток, раководството на Интер можеби ќе мора да започне потрага по нов кормилар.

Фото: Inter/X

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани