Шкупи за кратко време промовираше неколку нови фудбалери кои треба да го засилат тимот за наредната сезона, овојпат потпишаа со голманот Гроте Максимилијан.
По ужасниот крај на сезоната и незивесните месеци за иднината на клубот, Шкупи се разбуди и почна да се засилува.
Денеска го објавија потписот со 22-годишниот германски голман, Гроте Максимилијан кој бил дел и од школата на Мајнц, а во Шкупи доаѓа од Кобленц.
„Добредојде Максимилијан „Макс“ Гроте!
22-годишниот германски голман ни се приклучува по развојот во младинските категории на Мајнц 05 и СВ Вехен Висбаден, и со значајно сениорско искуство во ФВ Енгерс 07 и Рот-Вајс Кобленц, каде забележа над 40 настапи. Макс очекуваме да носи сигурност, смиреност и стабилност на нашиот гол.
Добредојде во Чаир, Макс – заедно кон успеси!“, стои во соопштението на Шкупи.