Шкупи не запира: Го обезбеди и четвртото засилување!

by Стефан
1 минути читање

Oд редовите на Шкупи во последните два дена со полна пареа работат во формирање на тимот за следната сезона, па вечерва го обезбедија и четвртото засилување.

Шкупи во претходниот период по завршувањето на сезоната се соочи со прпболеми и промени во раководството, но сега изгледа работите тргнаа на подобро.

По Емре Кадриу, Адонис Милај и Максимилајн Гроте, ново име во Чаир е Андреј Ричков.

Ричков пристигнува како слободен фудбалер од редовите на Воска по исфрлањето на овој клуб во најнизок ранг.

26-годишниот дефанзивец зад себе има големо искуство во македонскиот фудбал како дел од: Беласица, Вардар, Скопје, Борец, Осогово, Саса, Пелистер и Силекс.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×