Шкупи го засили тимот со фудбалер кој беше дел од школата на бундеслигаш!

by 24 фудбал
1 минути читање

Шкупи за кусо време го официјализира и второто летно засилување нов член на чаирскиот клуб е младиот Адонис Милај, фудбалер кој се школувал во академијата на германскиот великан Борусија Менхенгладбах.

Иако пред неколку месеци ситуацијата во Шкупи беше крајно алармантна поради заминувањето на сопственикот и големите долгови кон фудбалерите, клубот полека се обидува да се врати на вистинскиот пат и веќе почна да се засилува за следната сезона.

Ново име во сино-белиот табор е 20-годишниот косовски дефанзивец за врска кој настапувал за младинските селекции на Борусија Менхенгладбах (У17 и У19), а минатата сезона играше за СЦ Сент Тенис. Милај има и интернационално искуство како поранешен репрезентативец на Косово до 19 години.

Од клубот истакнаа дека тој носи дисциплина, смиреност и квалитет во средниот ред, и дека со нетрпение го очекуваат во синиот дрес.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×